Украинците тврдат дека досега убиле над 9.000 руски војници

пред 2 години

Украинските вооружени сили објавија нова проценка за руски загуби од почетокот на воените дејствија.

Според овие проценки, убиени се 9.166 руски војници, 251 тенк, 33 авиони, 37 хеликоптери, 404 возила, 105 ракетни системи.

Според овие податоци, бројот на загинати руски војници е многу поголем од бројот што официјално го објави Москва, кој изнесува 498 војници.

Share
Scroll to Top