Најмалку осум лица загинаа во руското бомбардирање на станбена зона во североисточниот град Харков во последните 24 часа, соопшти украинската служба за итни случаи.
Службите за итни случаи соопштија дека бомбардирањето се случило синоќа околу 19:15 часот по локално време. Понатаму пишуваат дека целосно или делумно се урнати катни згради, административни згради, здравствени установи, образовни институции и студентски домови.
Пожари од големи размери имало и во 21 зграда во централниот дел на градот, соопшти Итната помош.
Спасувачките екипи успеале да спасат и евакуираат околу 200 луѓе за време на пожарот, јавуваат агенциите. Информираат дека властите се уште собираат информации за дополнителни можни жртви.