Унгарија ја одобри руската вакцина

пред 3 години

Унгарскиот национален центар за јавно здравје ја одобри употребата на руската вакцина против коронавирус „Спутник В“ во таа земја, објави унгарскиот министер за човечки ресурси, Миклош Каслер.

Како што наведе во објава на Фејсбук, Центарот ја завршил официјалната проценка на вакцината, пришто било заклучено дека ги исполнува стандардите за квалитет и може да се користи на луѓето.

Во Унгарија досега за користење се одобрени вакцините на компаниите Фајзер/ Бионтек, Модерна и Астра зенека.

„Сега имаме четири вакцини за борба против коронавирусот“, напиша Каслер, пренесе „ТАСС“.

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, претходно објави дека земјата може да потпише и договор за набавка на кинеската вакцина против коронавирус.

Share
Scroll to Top