На социјалните мрежи се објавени видеа на кои се гледа целосно уништениот трговски центар во Мариупол.
Насекаде остатоци и скршени стакла може да се видат на видеото, за кое Sky News вели дека е автентично.
Мариупол е најтешко погодената област во Украина, градот се соочува со постојано гранатирање. Украинските власти соопштија дека околу 90 отсто од зградите во градот се оштетени или уништени.
Mariupol. Shopping center “PortCity”. Everything that the “Russian world” gets to turns into ruins. pic.twitter.com/sgtikMfBx5
— Промисловий Портал (@ua_industrial) March 18, 2022