УНХЦР: Од почетокот на руската воена агресија, речиси 5,2 милиони луѓе ја напуштија Украина

пред 2 години

Од почетокот на конфликтот во Украина, бројот на украинските бегалци се приближува до 5,2 милиони, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Повеќе од 1.151.000 Украинци заминале во април досега, наспроти 3,4 милиони кои побегнале само во март, пишува Гардијан.

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) проценува дека повеќе од 7,7 милиони луѓе се раселени во Украина.

Share
Scroll to Top