Урсула фон дер Лајен: Денеска ЕК дава зелено светло за планот за обнова и развој на Бугарија

пред 3 години

Европската комисија денеска дава зелено светло за планот за обнова и развој на Бугарија. Ова е исклучителен план, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на заедничката прес-конференција во Советот на министри со премиерот Кирил Петков, јави БГНЕС.

Планот за закрепнување е работен, иновативен и навистина ќе ја финансира промената во Бугарија, рече премиерот Кирил Петков на почетокот на својот говор, по што и’ даде збор на претседателката на Европската комисија.

Речиси 60 отсто од планот ја поддржува зелената транзиција. Ова е важно и добредојдено, бидејќи ни треба Бугарија да биде со нас на патот кон климатска неутралност, рече Фон дер Лајен.

Според неа, бугарскиот план исполнува многу сериозни барања и услови. Тој ги комбинира реформите и справувањето со структурните предизвици.

Поддршката за најранливите е исто така многу важна тема, рече фон дер Лајен, нагласувајќи ги широките антикорупциски мерки.

Имаме многу работа и ЕК секогаш ќе ве поддржува, рече претседателката на Комисијата, која бугарскиот план го опиша како еден од најамбициозните, одобрен од ЕК во однос на Зелениот пакт.

Фон дер Лајен изрази благодарност до владата и бугарскиот народ за поддршката за Украинците кои бегаат од војната.

Важно е да се мобилизираат сите напори за помош на бегалците и на сите раселени, рече претседателката на Европската комисија.

 

Share
Scroll to Top