Утре годишна прес-конференција на Путин: Потребни се 3 ПЦР тестови за учество

пред 3 години

Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе одржи традиционална годишна прес-конференција.

Поради мерките против корона вирусот, годинава бројот на новинари ќе биде ограничен на 500, а конференцијата ќе се одржи на поголем простор. За учество на конференцијата ќе бидат потребни три ПЦР тестови.

Големата конференција на Путин е годишен настан кој се одржува од 2001 година. По правило, шефот на државата прво ги објавува главните економски и социјални показатели, а потоа новинарите имаат можност да поставуваат прашања.

Share
Scroll to Top