Учителка од училиштето во Шведска: Слушнав истрели, видов како ги извлекуваат ранетите

Учителка од училиштето во Шведска: Слушнав истрели, видов како ги извлекуваат ранетите

пред 23 часа

Неколку луѓе се застрелани во училиште за возрасни во централна Шведска. Пукањето се случило во Оребро, 200 километри западно од Стокхолм. Полицијата соопшти дека засега не е јасна тежината на повредите.

Според официјалните информации, пет лица се ранети, додека неофицијалните информации што ги објави шведската јавна телевизија укажуваат дека загинале повеќе луѓе, а најмалку 15 се ранети. Нападот се случил нешто пред 13 часот, а властите ги повикуваат жителите да се држат подалеку од училиштето.

Марија Пегадо, 54-годишна наставничка, изјави за Ројтерс дека некој ја отворил вратата од нејзината училница веднаш по паузата за ручек и викал сите да излезат.

„Ги извадив сите 15 ученици во ходникот и почнавме да бегаме. Потоа слушнав два истрели, но се извлековме. Бевме во близина на влезот на училиштето. Видов луѓе како ги извлекуваат ранетите – еден, па друг“, рече Пегадо.

Текстот Учителка од училиштето во Шведска: Слушнав истрели, видов како ги извлекуваат ранетите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top