Уште еден руски олигарх пронајден мртов

пред 2 години

Уште еден руски олигарх е пронајден мртов.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Станува збор за Александар Суботин кој викендов починал под мистериозни околности. Според извештаите на руските медиуми, олигархот починал во куќа на шаман.

Суботин е поранешен извршен директор на руската нафтена компанија „Лукоил“ и е последниот во низата руски олигарси кои загинаа под сомнителни околности по руската инвазија на Украина.

Тој бил пронајден мртов во подрум на куќа на шаман во Митишчи, град североисточно од Москва, откако наводно доживеал срцев удар, јави руската новинска агенција ТАСС. Се додава и дека е отворена истрага за неговата смрт.

Според извор на руската агенција, милијардерот отишол во куќата на шаманот во состојба на тешка интоксикација, откако се опил и консумирал дрога еден ден претходно. Неговото тело било откриено во подрумска просторија која наводно се користела за „јамајкански вуду ритуали“, објавија руските медиуми.

Локалните медиуми пишуваат дека Суботин отишол кај шаманот во потрага по лек за мамурлак, во кој наводно имало отров од жаба.

Следното утро, тој бил пронајден мртов од шаманите Магуа Флорес (вистинско име Алексеј Пинџурин) и Тина Кордоба (вистинско име Кристина Тејхриб), според локалните извештаи, кои се повикуваат на верзија на настаните која ја фаворизираат руските власти.

Оваа шаманска двојка наводно ги лекувала клиентите со повикување духови и жртвување на животни.

Сепак, за сите овие наводи нема потврда од полицијата, а од понеделникот попладне остануваат непознати другите детали за тоа што ја предизвикало неговата смрт. Брачната шаманска двојка им кажала на државните инспектори дека Суботин им е пријател и негирале дека го подложиле на шамански ритуали за пари.

Руските власти покренаа кривична истрага за смртта на Суботин, пренесува ТАСС. Инспекторите исто така ќе истражат дали имало дрога во неговата крв кога умрел, пишува „Њузвик“.

Неговата смрт доаѓа само неколку месеци откако „Лукоил“ повика на брз прекин на војната меѓу Русија и Украина. „Лукоил“ е втората по големина руска нафтена компанија.

Суботин е еден во низата мртви олигарси, а списокот на руски богаташи кои умреа под неразјаснети околности расте од почетокот на инвазијата.

Имаше многу сомнежи дека се работи за самоубиства или убиства и самоубиства (покрај тројца мртви олигарси најдени се и телата на нивните жени и деца).

Share
Scroll to Top