Фаучи: Британскиот сој на коронавирусот се шири и може да стане доминантен во Америка

пред 3 години

Сојот на коронавирусот Б.1.1.7, првпат откриен во Велика Британија, веќе се шири во САД и може да стане доминантен, изјави д-р Ентони Фаучи, шеф на Националниот институт за алергии и заразни болести, пренесува „Си-ен-ен“.

„Неодамнешното истражување од Велика Британија покажа дека оваа мутација може да биде нешто посмртоносна во смисла дека ги прави луѓето повеќе болни и може да стане доминантна бидејќи се чини дека е многу ефикасна во ширењето од лице на лице“, рече Фаучи.

Фаучи истакна дека единствениот начин да се спречи мутациите да станат доминантни е да се запре нивното ширење со почитување на мерките за заштита на јавното здравје и вакцинирање што е можно повеќе луѓе што е можно побрзо.

Вирусот Б.1.1.7 циркулира во Англија најмалку од септември. Според британските научници, се шири за 30-70 проценти полесно од оригиналниот вирус, а тие откриле мутација кај некои примероци од овој вид, што може да му овозможи на Ковид-19 да ја избегне заштитата обезбедена од антитела.

Досега е потврден во најмалку 70 земји, вклучувајќи ги и САД, наведува „Си-ен-ен“.

Share
Scroll to Top