Фаучи ги повика граѓаните да бидат дел од решението и да се вакцинираат

пред 3 години

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи ги повика граѓаните да бидат дел од решението и да се вакцинираат кога ќе биде достапна вакцината против коронавирусот, додека САД се подготвуваат за првата фаза на имунизација против Ковид-19, пишува „Си-ен-ен“.

„Кажете си дека нема да бидете личноста преку која вирусот ќе премине на друга личност, запрете го пренесувањето на Ковид-19“, му рече Фаучи на извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Цукенберг.

Вирусот се шири со голема брзина во САД, а рекорден број пациенти хоспитализирани поради Ковид-19 е забележан 20 пати минатиот месец. Последниот најголем број на хоспитализирани пациенти е забележан во понеделникот, кога е потврдено дека 96.039 лица се во болница.

Досега се регистрирани 13,5 милиони случаи на Ковид-19 и 268.045 смртни случаи во земјата.

Share
Scroll to Top