„Фајзер“ бара итно одобрување на вакцината против коронавирус

пред 3 години

„Фајзер“ бара од регулаторите на САД вонредно одобрување за нејзината вакцина и тие се надеваат дека вакцината може да се користи веќе на почетокот на декември, пренесува АП.

„Ние сакаме да ја испорачаме вакцината што е можно посигурно и ефективно и што е можно побрзо“, рече извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла.

„Вашингтон пост“ наведува дека Фајзер ќе биде првата компанија што бара итно одобрување, а министерот за здравство го поздрави со зборовите дека тоа ќе биде светло на крајот од тунелот.

И „Вашингтон пост“ наведува дека овој потег значи дека вакцината може да стане достапна за неколку недели.

„Помошта е на пат“, додаде Ентони Фаучи, пред објавата на „Фајзер“.

„Фајзер“ пред два дена објави дека конечните резултати од последната фаза на тестирање на вакцината, што ја разви во соработка со „Бајонтекс“, потврдија дека е ефикасна 95 проценти и дека ќе бара вонредно одобрување во наредните денови.

Фармацевтската компанија објави дека резултатите од вакцината развиена со германскиот „Бајонтекс“ се доследни кај различна возраст и етнички групи и дека нема поголеми несакани ефекти.

Ефикасноста кај оние над 65 години, кои се ризична група на коронавирус, е поголема од 94 проценти, додаваат од компанијата.

Share
Scroll to Top