„Фајзер“ очекува 15 милијарди долари од продажбата на вакцини во 2021 година

пред 3 години

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ очекува приход од околу 15 милијарди долари од продажбата на вакцина против коронавирус во 2021 година, пренесува телевизиската станица „Си-ен-би-си“.

Вакцината против коронавирус на „Фајзер“, која ја произведува заедно со неговиот германски партнер „Бионтек“, е прва во САД одобрена за итна употреба.

Во текот на 2021 година, „Фајзер“ предвидува вкупни приходи на компанијата меѓу 59,4 и 61,4 милијарди долари.

Share
Scroll to Top