„Фејсбук“ отстрани профили поврзани со Иран кои го таргетирале Нетанјаху

пред 3 години

„Фејсбук“ објави дека отстранил мрежа на профили порзани со Иран поради кршење на политиката за надворешна интервенција, вклучително и кампањи кои ги таргетирале израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и ги поддржувале израелските протести против него.

„Отстранивме 12 профили, две веб-страници и 307 профили на Инстаграм поврзани со лица поврзани со ЕИТРЦ, ИТ компанија со седиште во Техеран. Оваа активност потекнува од Иран и се однесуваше првенствено на Израел, а исто така и на Ирак“, соопштија од „Фејсбук“.

Повеќето од профилите поминале низ значителни промени во името и тврделе дека се од Израел или од Ирак. Тие објавувале мемиња, слики и друга содржина на хебрејски и на арапски јазик, фокусирајќи се на новостите и актуелните настани во земјите што ги таргетирале, вклучително и протестите против Нетанјаху во Израел, критиките за неговата политика и одговор на пандемијата.

Еден од профилите бил наречен „Црни знамиња II“ по протестното движење „Црни знамиња“, кое веќе неколку месеци организира протести против Нетанјаху низ земјата.

Иран минатиот месец беше обвинет и за испратени електронски пораки до американските гласачи, во кои се тврди дека се од крајнодесничарската „Прауд бојс“ и со кои ги заплашувале гласачите да гласаат за американскиот претседател Доналд Трамп.

Партијата Ликуд на Нетанјаху одговори на извештајот на „Фејсбук“, велејќи дека Иран тајно работел на разгорување на левичарските протести на„ Црните знамиња“ во Израел, обидувајќи се да го симне од власт премиерот.

Share
Scroll to Top