Фидан: Турција нема да дозволи планови за поттикнување граѓанска војна во Иран

Фидан: Турција нема да дозволи планови за поттикнување граѓанска војна во Иран

пред 3 часа

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес изјави дека Турција нема да дозволи никакви планови насочени кон поттикнување граѓанска војна во Иран.

„Ние сме против плановите насочени кон започнување граѓанска војна во Иран и поттикнување конфликти по етнички и религиозни поделби“, рече Фидан на прес-конференција со својот германски колега Јохан Вадефул, објави Ројтерс.

Тој истакна дека никој не треба да се препушта на такви фантазии.

Текстот Фидан: Турција нема да дозволи планови за поттикнување граѓанска војна во Иран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top