Филмска потера во Словенија: Турски возач при бегството удрил во полициски автомобил

пред 3 години

Словенечката полиција се обидела да запре турски државјанин (23) кој возел со непрописна брзина, но првично побегнал, по што настанала потера и тројца полицајци се здобиле со полесни повреди кога бегалецот удрил во нивниот автомобил.

Тој првпат бил забележан од полицијата на пат во близина на југоисточниот дел на Љубљана во саботата вечерта.

Кога му наредиле да застане, тој се движел со брзина поголема од 200 километри на час, соопшти полициската управа од Љубљана, а пренесува СТА.

Возачот потоа намерно удрил во полициски автомобил и уште едно полициско возило додека се обидувал да се извлече, па тројцата полицајци биле повредени.

Возачот и неговиот сопатник (22) се обиделе да ја поминат границата без патни дозволи.

Совозачот е префрлен во притвор за странци, а возачот е приведен и изведен пред судија.

Ќе одговара за непочитување на полициска наредба, напад на полицајци и опасно возење.

Share
Scroll to Top