Флин: Војната е неизбежна по најавата на Трамп за нуклеарни тестови

Флин: Војната е неизбежна по најавата на Трамп за нуклеарни тестови

пред 13 часа

Поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, генерал Мајкл Флин, процени дека војната станала неизбежна откога Трамп му наредил на Пентагон да почне нов циклус нуклеарни тестови.

Флин на социјалната мрежа X изјави дека „промените во политичкиот курс може да доведат до промени во природата и водењето на војната“ и додаде:

„Кога политичките цели стануваат поограничени, војната станува неизбежна“.

Тој директно им се обрати на припадниците на американската војска велејќи им да „ги врзат чизмите поцврсто“, што во американскиот воен жаргон е повик за подготвеност за борба.

Трамп: „САД мора да дејствуваат еднакво“
На 30 октомври Доналд Трамп објави на својата платформа „Тру соушал“ дека му наредил на Пентагон веднаш да почне со нуклеарни тестови нагласувајќи дека САД мора да дејствуваат на еднаква основа со другите нуклеарни сили, пренесуваат медиумите.

„Сакам да ги запрам војните“, додаде Трамп тврдејќи дека покажувањето на американската моќ би дејствувало како одвраќање.

Наредбата на Трамп дојде кратко откога Русија успешно ги тестира хиперсоничната нуклеарна ракета „буревестник“ и подводниот систем „Посејдон“. Тестот на ракетата „буревестник“ беше спроведен на 21 октомври, што предизвика нов бран дискусии во Вашингтон за нуклеарната рамнотежа и за американската одбрана.

Изјавата на Флин се толкува како сигнал дека во американските воени кругови постои растечко верување дека светот се приближува кон нова фаза од натпреварот во Студената војна – но и реален ризик од вооружен конфликт меѓу големите сили.

Фото: принтскрин

Текстот Флин: Војната е неизбежна по најавата на Трамп за нуклеарни тестови е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top