Фон дер Лаен: Пресудата на полскиот суд е закана за ЕУ

пред 3 години

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, изјави дека одлуката на пресудата на полскиот Уставен суд, со која се оспорува приматот на законите на Европската Унија, претставува закана за основните вредности на европскиот блок.

Фон дер Лаен им рече на европратениците во Стразбур дека е длабоко загрижена за одлуката, за која таа тврди дека е директен предизвик за единството на ЕУ и која ја поткопува заштитата на независноста на судството, пренесуваат агенциите.

“Не можеме и нема да дозволиме да бидат загрозени нашите заеднички вредности. Владеењето на правото е лепилото што ја врзува нашата унија”, рече Лаен.

„Сакаме силна Полска во обединета Европа“, рече Фон дер Лаен, додавајќи дека е отворена за компромис.

Односите меѓу Полска и ЕУ го достигнаа најниското ниво претходно овој месец, откако полскиот суд одлучи дека полските закони имаат предност пред законите на блокот од 27 нации, на кои Полска се приклучи во 2004 година.

Ова доведе до ескалација на долгогодишните тензии околу демократските стандарди меѓу полските власти и бриселските институции.

Share
Scroll to Top