(Фото+видео) Нови израелски напади во јужен Либан и покрај прекинот на огнот: најмалку петмина загинати

(Фото+видео) Нови израелски напади во јужен Либан и покрај прекинот на огнот: најмалку петмина загинати

пред 4 часа

Најмалку пет лица загинаа денеска во израелски воздушни напади и напади со беспилотни летала во јужниот дел на Либан, соопштија либанските државни медиуми.

Новиот бран напади доаѓа само еден ден откако официјално стапи на сила прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах, милитантната група поддржана од Иран која дејствува во Либан.

Според информациите на државната новинска агенција ННА, израелски воени авиони и беспилотни летала извршиле серија напади низ областа Набатие во текот на ноќта и во раните утрински часови. Во нападите се целосно уништени неколку станбени згради и куќи.

Пред зори, израелската артилерија исто така извршила силно гранатирање врз самиот град Набатие и неговата поширока околина.

Текстот (Фото+видео) Нови израелски напади во јужен Либан и покрај прекинот на огнот: најмалку петмина загинати е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top