(Фото) Авион падна врз куќа во Диселдорф, има загинати

(Фото) Авион падна врз куќа во Диселдорф, има загинати

пред 1 година

Мал авион се урна на терасата на куќа во Диселдорф во саботата, при што загинаа две лица, соопшти германската полиција.

Една од жртвите е пилотот (71) на авионот, изјави портпаролот на полицијата.

Другото мртво лице веројатно бил копилотот или жена која живеела во зградата во малото гратче Коршенбрих, помеѓу Дизелдорф и Менхенгладбах.

Засега нема информации за причината за несреќата, додаде портпаролот, додека 50 пожарникари го гаснат пожарот .

Соседите велат дека слушнале силен тресок.

– Слушнавме неверојатно силен тресок, а потоа веднаш видовме облак од чад. Трчавме до куќата да помогнеме. Човекот што живее во куќата очигледно го видел авионот како се приближува и успеал да скокне на страна. Но, жената е мртва – рече жителот.

Снимките од местото на настанот ја покажуваат опашката на авионот како штрчи од градината на зградата што гори и пожарникарите во целосна заштитна опрема како се обидуваат да го локализираат пожарот.

Текстот (Фото) Авион падна врз куќа во Диселдорф, има загинати е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top