(Фото) Во станот кој се запали живеела баба со внуци, една жена со изгореници префрлена во болница

(Фото) Во станот кој се запали живеела баба со внуци, една жена со изгореници префрлена во болница

пред 3 години

Утринава во Белград по седум часот избувнал пожар во стан на шести кат.

Како што јавува „Блиц“, целосно е опожарен станот на шестиот кат, а една жена со изгореници е пренесена во Ургентниот центар.

Според зборовите на соседите, во станот во кој се запалил живеела една баба со внуците. Раскажуваат дека бабата и внуците наводно успеале да избегаат на покривот на зградата и така да избегаат од пожарот.

Итната помош потврди дека едно лице е повредено.

– Четириесетгодишна жена со изгореници од Бањица е примена на Итната помош – изјавија за Блиц од итната помош.

Сите жители на зградата се евакуирани. Како што објаснија соседите, на една жена и се слошило од страв и била згрижена од итната помош на лице место.

Најголемиот дел од пожарот е изгаснат.

Да потсетиме, во гаснењето на пожарот учествуваа 26 пожарникари со шест противпожарни возила, полицијата и брзата помош.

Текстот (Фото) Во станот кој се запали живеела баба со внуци, една жена со изгореници префрлена во болница е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top