(Фото) Иран: Нападнат медицински институт во Техеран стар 100 години

(Фото) Иран: Нападнат медицински институт во Техеран стар 100 години

пред 3 часа

Министерството за здравство на Иран соопшти дека Институтот Пастер во Техеран, истражувачка институција основана во 1920 година, бил сериозно оштетен во напад.

Портпаролот на министерството, Хосеин Керманпур, во објава на X изјави дека цел на нападот бил институтот, кој го опиша како „вековен столб на глобалното здравје“.

„Ова е директен напад врз меѓународната здравствена безбедност“, рече Керманпур.

Тој сподели фотографии од местото на настанот со објавата, на кои се гледа дека зградата е тешко оштетена, а делови од комплексот се претворени во урнатини.

 

фото/X

Текстот (Фото) Иран: Нападнат медицински институт во Техеран стар 100 години е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top