(Фото) Се судрија школски автобус и воз во Белгија: има загинати

(Фото) Се судрија школски автобус и воз во Белгија: има загинати

пред 3 часа

Неколку лица загинаа во судир меѓу воз и школски автобус во белгискиот Бугенхаут. Белгиската полиција ги истражува околностите на несреќата.

Околу 100 патници од возот беа евакуирани и згрижени по судирот што се случи утрово во белгискиот град Бугенхаут, помеѓу Антверпен и Брисел.

Во школскиот автобус имало седум деца и еден возрасен, а според извештаите на белгиските медиуми, возот бил на околу еден километар од станицата и веќе почнал да сопира во моментот на несреќата.

Во 8:08 часот наутро, школскиот автобус влегол на преминот, каде што, според извештаите, рампите биле спуштени, а семафорот бил црвен, според камерите од видео надзорот.

„Не знаеме како можела да се случи несреќата“, беше објавено, напоменувајќи дека истрагата е во тек.

Бројот на загинати и повредени сè уште не е прецизиран, пренесуваат медиумите.

Текстот (Фото) Се судрија школски автобус и воз во Белгија: има загинати е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top