Франција: Кина мора подиректно да се вклучи во дискусијата за Ормускиот теснец

Франција: Кина мора подиректно да се вклучи во дискусијата за Ормускиот теснец

пред 2 часа

Шефот на француската морнарица, адмирал Никола Вожер, изјави дека Кина ќе мора да биде подиректно вклучена во одреден момент во враќањето на протокот на нафтен сообраќај во Ормускиот теснец, бидејќи е веројатно дека бројот на бродови што минуваат низ него ќе биде недоволен.

„Не видовме кинеската морнарица да интервенира за повторно отворање на теснецот. Од друга страна, постои директен политички дијалог меѓу кинеските и иранските власти за да се обезбеди одреден број бродови да можат да поминат. Дали ова ќе биде доволно за да се врати нормалниот проток на сообраќај? Не верувам“, рече Вожер на безбедносната конференција „Војна и мир“ во Париз, објави Ројтерс.

Како резултат на тоа, Кина веројатно ќе мора подиректно да се вклучи во дебатата и да го покаже своето нетрпение поради фактот што теснецот останува затворен.

Вожер рече дека Франција работи на тоа прво да собере неколку земји „околу масата“ на политичко ниво за да се утврдат условите под кои теснецот би можел да се отвори повторно на трајна основа. Тој рече дека армијата, исто така, проценува дали се поставени мини и дали треба да се отстранат.

„Ова очигледно не е проблем само за Франција. Тоа се однесува на сите земји-партнери, земјите од Заливот, САД и другите европски земји. Но, очигледно е проблем на кој работиме, ако се потврди минирање, што досега не е потврдено“, рече тој, според Танјуг.

Текстот Франција: Кина мора подиректно да се вклучи во дискусијата за Ормускиот теснец е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top