Франција мобилизира 100.000 полицајци за да ги спречат новогодишните забави

пред 4 години

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин нареди видливо присуство на безбедносните сили во центрите на градот и предградијата од 20 часот, кога започнува полицискиот час.

францускиот министер за полиција испрати известување до сите регионални претставници за „вонредната“ мобилизација на 100.000 полицајци, кои ќе проверуваат дали има забави и прослави во градовите за новогодишната ноќ.

На полициските службеници ќе им биде наредено да ги запрат забавите веднаш штом некој ги пријави, да ги казни присутните и да ги идентификува организаторите.

Франција досега двапати воведе национален карантин, а баровите, рестораните и туристичките атракции ќе бидат затворени до јануари.

Share
Scroll to Top