Франција навредена поради изјавата на Ердоган, го повлекува амбасадорот од Турција

пред 3 години

Франција ја осуди изјавата на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, кој претходно денеска го доведе во прашање „менталното здравје“ на неговиот француски колега, Емануел Макрон.

Како што пренесе „Ројтерс“, Франција најавила дека ќе го повлече својот амбасадор од Турција поради изјавата на Ердоган.

„Зборовите на претседателот Ердоган се неприфатливи. Навредите и грубоста не се начин. Бараме Ердоган да ја смени својата политичка насока, бидејќи неговата политика е опасна во секоја смисла. Не влегуваме во непотребна полемика и не прифаќаме навреди“, се наведува во соопштението на Елисејската палата.

Претходно денес, Ердоган ги критикуваше ставовите на неговиот француски колега Макрон кон муслиманите, повикувајќи го „да го провери неговото ментално здравје“.

Share
Scroll to Top