Франција ќе изврши набљудувачки лет над Русија според Договорот за отворено небо

пред 3 години

Француските набудувачи ќе извршат лет над Русија според Договорот за отворено небо, изјави шефот на рускиот Национален центар за намалување на нуклеарниот ризик, Сергеј Рижков, пренесува весникот „Краснаја звезда“.

„ На 9-13 ноември Франција ќе изврши набудувачки лет над територијата на Русија како дел од спроведувањето на Договорот за отворено небо со авион „антонов Ан-30“ од аеродромот во Кубинка“, рече Рижков.

Според него, за време на летот руски специјалисти во Ан-30 ќе се погрижат за строго почитување на договорените параметри на летот и користење опрема за набљудување утврдена со договорот.

Антонов Ан-30 е авион кој не е дизајниран за употреба на какви било видови оружје.

„Авионот и опремата за надзор инсталирани на него (камери за воздушно снимање) беа подложени на меѓународно испитување, во кое беа вклучени и руски специјалисти и ова исклучува употреба на технички средства што не се предвидени со договорот“, објасни Рижков.

Набљудувачките летови промовираат поголема отвореност и транспарентност во воената активност на земјите-членки на Договорот. Главните цели на Отвореното небо се градење транспарентност, давање помош при следење на усогласеноста со постојните или идните договори за контрола на оружјето, проширување на можностите за спречување кризи и за управување со кризни ситуации.

Договорот воспоставува програма за невооружени летови за воздушен надзор на целата територија на неговите учеснички. Сега, договорот има повеќе од 30 држави-потписнички. Русија го ратификуваше Договорот за отворено небо на 26 мај 2001 година.

Share
Scroll to Top