Француските лекари предупредуваат, oдиме кон катастрофа

пред 3 години

Лекарите од 41 болница во Париз изјавија дека никогаш не биле во потешка ситуација, дури и за време на терористичките напади во француската престолнина.

Лекарите на одделите за интензивна нега во Париз предупредуваат дека зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирусот наскоро може да го доведе во прашање нивниот капацитет за згрижување пациенти во болниците, што може да ги стави во позиција да изберат кој пациент ќе го спасат.

Мрачните предупредувања беа објавени во француски весници, а ги потпишаа неколку десетици лекари од Париз, пренесуваат европските агенции.

Тие наведуват дека никогаш не биле во таква ситуација, дури и за време на терористичките напади во француската престолнина, од кои најлошиот се случи во 2015 година, кога напаѓачите убија 130 лица.

Лекарите предвидуваат дека олабавувањето на новите ограничувања воведени овој месец во Париз и некои други делови на Франција, нема брзо да ја стават под контрола епидемијата.

Друга група лекари од одделот за интензивна нега во Париз, за ​​весникот „Ле Монд“ изјавиле дека единиците за интензивна нега можеби треба да одбијат некои пациенти.

Share
Scroll to Top