Хакери украле документи од Европската агенција за лекови поврзани со вакцините против Ковид-19

пред 4 години

Документите од Европската агенција за лекови поврзани со вакцините за коронавирус биле украдени, изменети и потоа објавени на Интернет, јави ДПА.

Документите вклучуваат доверлива е-пошта, во која се прават проценки за вакцините.

„Некои од мејловите се манипулирани од крадците за да се наруши кредибилитетот на вакцините“, соопшти агенцијата.

Во декември, компјутерски криминалци упаднаа во компјутерскиот систем на агенцијата и добија документи кои им припаѓаат на производителите на вакцини Фајзер и Бионтек.

Не е јасно каде се објавени документите, а непознати засега се и идентитетот и мотивите на хакерите. Истрагата е во тек.

Агенцијата ги проценува вакцините и лековите пред да ги препорача на Европската унија за одобрување.

Share
Scroll to Top