Хакерски напад во Прага, цел била електронската пошта на високи функционери

пред 4 години

Официјални лица во Прага и Министерството за труд соопштија дека биле изложени на сајбер напад врз нивните електронски адреси.

Градоначалникот на Прага рече дека нападот врз системите на јавните служби бил од поголем обем, додавајќи дека сепак не предизвикал поголема штета.

Како што напиша градоначалникот Зденек Хриб на својот профил на Твитер, градските сервери го преживеале нападот.

„Ројтерс“ ја пренесе неговата изјава од утрово дека градската електронска пошта функционира и дека нема потреба да се обновуваат податоците.

Министерката за труд Јана Малакова изјавила дека и нејзиното министерство било нападнато, без да даде други детали.

Share
Scroll to Top