Хамнеи: Иранските сили го турнаа непријателот кон Арапското Море, наскоро ќе го протераме и оттаму

Хамнеи: Иранските сили го турнаа непријателот кон Арапското Море, наскоро ќе го протераме и оттаму

пред 3 часа

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, денес изјави дека иранските сили ги турнале „непријателските сили“ од водите покрај јужен Иран кон Арапското Море и додаде дека иранските сили наскоро ќе ги турнат и од Арапското Море.

„Откако претрпеа болни удари од нашите храбри борци и чуварите на Ормускиот теснец, тие не се осмелуваат да се движат подалеку од Арапското Море“, рече Хамнеи во порака по повод Светата недела на одбраната, која во Иран ја одбележува војната меѓу Иран и Ирак и годишнината од атентатот врз поранешниот лидер на либанската милитантна група Хезболах, Хасан Насралах, во 2024 година, пренесуваат светските медиуми.

Тој рече дека „секогаш кога се осмелиле да го сторат тоа, само си наштетиле“ и додаде дека „брзо се приближува времето кога и Арапското Море ќе биде ослободено од нивното присуство“, пренесува Танјуг.

Текстот Хамнеи: Иранските сили го турнаа непријателот кон Арапското Море, наскоро ќе го протераме и оттаму е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top