Хаос на улиците во Атина: Голем судир меѓу полицијата и граѓаните, уапсени 72 лица

Хаос на улиците во Атина: Голем судир меѓу полицијата и граѓаните, уапсени 72 лица

пред 1 година

Во предградието на Атина, Егзархија, околу полноќ дошло до судири меѓу полицијата и група непознати лица во близина на полициската станица, при што е причинета голема материјална штета, јавуваат грчките медиуми.

Судирите траеле околу еден час, а започнале откако група непознати лица наводно ја нападнале полицијата со молотови коктели и камења, по што полицијата одговорила со фрлање шок бомби, јави ЕРТ.

Според информации, полицијата уапсила 72 лица.

Грчките медиуми јавуваат дека еден полицаец е повреден.

Пожарникарите интервенирале откако избувнале пожари на автомобили и канти за ѓубре, објави Катимерини.

Текстот Хаос на улиците во Атина: Голем судир меѓу полицијата и граѓаните, уапсени 72 лица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top