Хари и Меган по вторпат станаа родители, добија ќерка

пред 3 години

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл по вторпат станаа родители. Нивната ќерка ќе го носи името Лилибет Дајана Маунтбатон-Виндзор.

Нејзиното прво име, Лилибет, е во чест на нејзиното височество Кралицата. Нејзиното средно име е во чест на нејзината баба и мајката на Хари, принцезата Дајана. Бебето е осмо по ред до британскиот трон.

„Лилибет е родена во 11 часот и 40 минути по локално време, има седум килограми и сега е дома“, изјави двојката.

Во благодарноста на веб-страницата на Арлвел тие рекоа: „На 4 јуни бевме благословени со доаѓањето на нашата ќерка Лили“.

„Таа е повеќе отколку што можеше да замислиме и сè уште сме благодарни за љубовта и молитвите што ги чувствувавме од целиот свет.

„Ви благодариме за вашата љубезност и поддршка во ова многу посебно време за нашето семејство“, стои во напишаното.

Инаку, синот на принцот Хари и Меган Маркл, Арчи, минатиот месец наполни две години.

Share
Scroll to Top