Холандија ја доведува во прашање законитоста на американско-израелските напади врз Иран

Холандија ја доведува во прашање законитоста на американско-израелските напади врз Иран

пред 2 часа

Холандскиот премиер Роб Јетен изјави дека американските и израелските напади врз Иран не се во согласност со меѓународното право, но истовремено ја призна заканата што Техеран ја претставува за регионалната безбедност, пренесе „Политико“.

„И нападите врз Иран минатата недела и неприфатливата иранска одмазда кон земјите во регионот се надвор од рамките на меѓународното право“, изјави Јетен на прес-конференција во Хаг.

Тој додаде дека холандската влада има разбирање за првичните напади врз Иран поради долгогодишната закана што Техеран ја претставува, но нагласи дека меѓународната заедница мора да продолжи да го брани меѓународното право и да бара дипломатски решенија.

Јетен исто така го постави прашањето која е крајната цел на американско-израелската воена кампања против Иран и кога нападите би се сметале за успешни.

Во меѓувреме, Франција побарала од Холандија поддршка за својот носач на авиони „Шарл де Гол“ во Средоземното Море, а холандската влада ќе го разгледа барањето во текот на викендот.

Текстот Холандија ја доведува во прашање законитоста на американско-израелските напади врз Иран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top