Хорор во Сплит: Татко се обидел да го удави бебето

пред 2 години

Маж од Хрватска се обидел да го удави своето неколкумесечно бебе кое сега е во болница во Сплит, а постарото дете било сместено во детска установа.

32-годишникот е уапсен по ноќна бркотница на Клис, а по полициска постапка најверојатно ќе биде пријавен за тешко убиство во обид. Кога полицијата го уапсила, тој се уште бил агресивен и давал отпор, објавија хрватските медиуми.

Бебето кое имало симптоми на давење во сплитската болница го донела мајката, а лекарите ја известиле полицијата.

Кога полицијата дошла по 32-годишникот, тој се заклучил со постарото дете, а потоа побегнал.

Центарот за социјална работа во Солин донесе итна мерка според која и бебето и постарото дете од предучилишна возраст се одвоени од семејството.

Бебето не е во животна опасност, и е е хоспитализирано, како и мајката која поради голем шок и е сместена во психијатриското одделение.

Share
Scroll to Top