Хрватска им препорача на своите граѓани да ја напуштат источна Украина

пред 2 години

Хрватска им препорача на своите граѓани во источна Украина да ја напуштат областа, изјави денеска министерот за надворешни работи и европски прашања Гордан Грлиќ Радман.

Тој изјави дека одлуката е донесена во интензивна комуникација со амбасадорот во Украина и следејќи ги искуствата на другите земји, пренесува агенцијата Хина.

„Ситуацијата е загрижувачка, но тоа не значи дека ќе ескалира. Се уште се прават дипломатски напори тоа да не се случи“, изјави Грлиќ Радман во Минхен, каде што учествува на безбедносна конференција.

Share
Scroll to Top