Хрватска – маските ќе бидат задолжителни и по вакцинацијата

пред 3 години

Маските ќе бидат задолжителни и за луѓето кои го прележале коронавирусот, бидејќи сè уште не е познато како новостекнатиот имунитет влијае на пренесувањето на вирусот и ќе бидат задолжителни и по вакцинирањето против Ковид-19, изјави директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак.

„Заради честите прашања за тоа дали оние кои го прележале вирусот треба да носат маска, издадовме документ со обврска да носат маски бидејќи сè уште не знаеме како имунитетот влијае на пренесувањето на болеста. Нема докази дали луѓето што стекнале имунитет може да ја пренесуваат болеста и затоа оние кои прележале Ковид-19 треба да носат маска. Така ќе биде и по вакцинирањето“, рече Чапак.

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 1.886 нови случаи на коронавирус, а бројот на активни случаи е 22.124.

Share
Scroll to Top