Хрватскиот министер нареди целосна мобилизација на здравствениот систем

пред 3 години

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, преку својата страница на „Фејсбук“ им се обрати на граѓаните и рече дека наредил целосна мобилизација на здравствениот систем.

„Актуелната состојба со коронавирусот нè принудува сите во здравствениот систем вонредно да се ангажираме, од лекари од примарна здравствена заштита, итна помош, институти за јавно здравје, до сите болници“, напиша тој на почетокот на својата порака.

„Како министер за здравство, наредив целосна мобилизација на целиот систем на јавно здравје во Хрватска. Ова е вистинско време да покажеме целосна посветеност кон нашата професија”, порача Берош на „Фејсбук“.

Во последните 24 часа Хрватска пријави 1.413 нови случаи на коронавирус. 897 пациенти се во болница, од кои 57 се на апарати за дишење. Регистрирани се и 18 смртни случаи.

Хрватските медиуми со денови известуваат дека хрватскиот здравствен систем веќе е пред колапс, а епидемиолозите најавуваат уште поголем број новозаразени лица.

Share
Scroll to Top