Човековите права во Либан бележат најдрастично влошување во последните неколку децении, покажа најнов извештај на „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ).
Стапката на сиромаштија на земјата се зголеми двојно во 2020 година како резултат на невидената економска криза, пандемијата на коронавирус и експлозијата на пристаништето во Бејрут на 4 август.
„Со секој изминат ден, животот на граѓаните, мигрантите и бегалците во Либан станува сè понеподнослив“, велу Аја Мајзуб, истражувач на ХРВ за Либан.
Колапсот на валутата на Либан, надополнет со рапидното зголемување на цените на храната и стоките, ја десеткуваше можноста на луѓето да си ги дозволат основни потреби, вклучувајќи храна, засолниште и здравствена заштита, се вели во извештајот.
Утврдено е дека маргинализираните заедници, вклучително и семејствата со ниски примања, лицтаа со попреченост, мигрантите, бегалците и ЛГБТК лицата, биле непропорционално погодени од пандемијата. Утврдено е дека 88 отсто од сириските бегалци во Либан живеат во екстремна сиромаштија.
ХРВ обвинува многу проблеми се прдизвикани од владата на Либан, која, како што тврди извештајот, не успеала да развие навремен, робустен или координиран план за помош за проблемите на земјата.
„Политичката елита сè уште се договара околу тоа како да се подели смалениот плен за да се збогати додека ја осиромашува земјата“, рече Мајзуб.
Владата не им ги исплатила на болниците средствата што им ги должи, со што се намалува можноста на медицинскиот персонал да одговори на пандемијата на коронавирус. Неисплаќањето на болниците и падот на валутата во земјата ги спречи медицинските центри да увезат доволно лекови за да ги задоволат потребите на населението.
Либанските власти, се додава во извештајот, не успеаја да ги заштитат жените и девојчињата од насилство и од дискриминација. Владата, исто така, потфрли во својата обврска да ги заштити домашните мигрантски работници, кои во Либан се повеќе од 250.000.
Новиот договор за работници-мигранти, кој би го заменил долго-критикуваниот систем „кафала“, беше суспендиран на крајот на октомври. Новиот договор ќе ги кодифицираше правата на странските работници, кои се исклучени од законите за работни односи во Либан.
Судот соопшти дека е донесена одлука за запирање на планираното спроведување на договорот затоа што може да му нанесе огромна штета на секторот за регрутирање работници.
ХРВ исто така ги осуди либанските власти за нивната прекумерна употреба на сила против антивладините демонстранти и континуираните напади врз слободата на говорот.