Цените на нафтата растат

Цените на нафтата растат

пред 2 часа

Цените на нафтата се искачија над 102 долари на меѓународните пазари, бидејќи шпекулациите за можно долгорочно нарушување на транзитот низ Ормускиот теснец ги надминаа иранските сигнали за пропуштање на танкери.

На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше за 1,96 долари попладне, во пораст од вчерашното затворање од 102,17 долари. На американскиот пазар, се зголеми за 1,67 долари на 95,17 долари.

На почетокот на неделата, пазарите беа уверени од индикациите дека некои танкери сè уште минуваат низ Ормускиот теснец. Иран одобри премин на бродови од неколку земји низ теснецот, потврди портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи.

Техеран ја презеде контролата врз Ормускиот теснец по нападот на САД и Израел на 28 февруари, забранувајќи транзит за бродови поврзани со САД, Израел, европските земји и нивните партнери.

Техеран дозволи поминување на два индиски танкери во сопственост на државната корпорација за бродови на Индија (SCI) кои превезуваат течен нафтен гас, под надзор на индиската морнарица, објави „Тајмс оф Индија“.

Пакистански танкер кој превезува нафта натоварена во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) исто така поминал, покажаа податоците од специјализирана компанија за следење на бродови. Ирак, исто така, преговара со Иран за да дозволи неколку танкери за нафта да поминат низ Ормускиот теснец, изјави ирачката новинска агенција ИНА, цитирајќи го министерот за нафта Хајан Абдел-Гани во видео изјава.

„САД немаат забелешки за тоа некои ирански, индиски и кинески бродови да поминат низ Ормускиот теснец, изјави вчера американскиот министер за финансии Скот Бесент.

„Иранските бродови поминале низ него и претходно, а ние го дозволивме тоа за да може остатокот од светот да биде снабден“, рече Бесент.

Членовите на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) планираат да пуштат 400 милиони барели нафта и нафтени производи од резервите на пазарот.

Доколку конфликтот продолжи, производството веројатно ќе биде дополнително намалено.

IEA проценува дека производството во регионот на Персискиот Залив веќе е намалено за осум милиони барели дневно. Одделни пресметки на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) покажуваат дека барел нафта од нејзините членки вчера бил поскап за 2,09 долари, на 128,99 долари.

 

фото/Depositphotos

Текстот Цените на нафтата растат е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top