Црна Гора: Владина комисија усвои пакет санкции против Москва

пред 3 години

По критиките на претставниците на меѓународната заедница за непримена на рестриктивни мерки кон Русија, Комисијата за политички систем на Владата на Црна Гора денеска едногласно го усвои пакетот санкции против Москва, кој претходно беше усвоен од Советот на Европската унија. .

Со Комисијата претседаваше вицепремиерот и актуелен мандатар Дритан Абазовиќ.

Според подгоричките медиуми, меѓу другото, санкциите се однесуваат на 696 руски државјани, како и на финансиски институции, имот, трговија и дистрибуција на стоки.

Share
Scroll to Top