Владата на Црна Гора на вчерашната седница донесе одлука да издвои два милиони евра за спроведување на Одлуката за давање привремена заштита на лица од Украина.
Донесена е Одлуката за формирање на Координативно тело за надзор над спроведувањето на Одлуката за давање привремена заштита на лица од Украина.
Во Одлуката се дефинира дека Координативното тело ги следи и координира активностите и мерките што ги преземаат надлежните органи и институции во насока на спроведување на Одлуката, односно остварување на правото на лица од Украина на сместување, здравствена заштита, основно и средно образование, информирање за правата и обврски, работа, спојување семејства, документи и право на барање за меѓународна заштита, како и соработува со меѓународните организации кои се занимаваат со правата на бегалците и мигрантите и Црвениот крст на Црна Гора.
– Во оваа насока, Владата одобри пренасочување на средства од единицата за трошење Министерство за финансии и социјала во единицата за трошење МВР во износ од 2.000.000 евра за спроведување на Одлуката за давање привремена заштита на лица од Украина – соопштија од Владата.
Според ОН, повеќе од десет милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската агресија.