Црна Гора најави дека во земјата ќе пристигнат три различни вакцини

пред 3 години

Граѓаните на Црна Гора ќе имаат можност да бираат помеѓу вакцините на „Фајзер / Бионтек“, кинеската „Синофарм“ и руската вакцина „Спутник В“, потврди министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ Бојовиќ.

Таа кажа дека Владата договорила или е во завршна фаза од договорот за набавка на 250.000 дози вакцини против коронавирус за првиот квартал на оваа година, а првите дози се очекува да пристигнат на почетокот на февруари.

„Прво ќе бидат вакцинирани штитениците во домовите за стари лица и персоналот што работи со нив. После тоа, ќе започне вакцинацијата на лица постари од 80, 75, 70 години, приближувајќи се на 65-годишна возраст, и секако на здравствените работници кои се на првата линија во борбата со вирусот“, рече Боровиниќ Бојовиќ.

Share
Scroll to Top