Црниот петок неопходен за поголемиот дел Французи поради инфлацијата

Црниот петок неопходен за поголемиот дел Французи поради инфлацијата

пред 10 месеци

Купувањето со попусти на црниот петок стана неопходно за повеќе од половина Французи поради инфлацијата, покажа истражувањето на агенцијата Opinion Way.

Многу потрошувачи сметаат дека црниот петок е добра можност за штедење, а за 52 отсто од испитаниците тој е неопходен поради растот на цените во земјата, пренесува „Фигаро“.

Меѓу редовните купувачи на црниот петок, 40 отсто од испитаниците велат дека ќе потрошат помалку пари од минатата година, 49 отсто ќе потрошат горе-долу иста сума како во 2022 година, а 11 отсто планираат да потрошат повеќе.

Купувањето не е само потреба, туку и задоволство бидејќи речиси девет од 10 испитаници, 89 отсто, сметаат дека црниот петок е можност да се почестат.

Според статистичките податоци, просечните клиенти се жени под 35 години, кои имаат деца.

Според истражувањата, на црниот петок најмногу се продаваат модни производи – облека, чевли, чанти, накит, но и техничка стока,како паметни телефони, компјутери, таблети, звучници.

Луѓето со задоволство купуваат и мали апарати за домаќинство, како што се тостер или апарат за кафе.

Текстот Црниот петок неопходен за поголемиот дел Французи поради инфлацијата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top