Чесите регистрираат пабови како партиски одбори за да може да продолжат со работа

пред 3 години

Речиси низ цела Европа не постои земја во која угостителските објекти не се барем делумно затворени.

Угостителите протестираат на различни начини. Така, минатиот викенд оние во Виена накратко ги отворија вратите и запалија свеќи, а нивниот пример беше прифатен во Германија и Швајцарија.

Но, чешките угостители отидоа чекор понатаму. Голем број тамошни ресторани и пабови отворија денеска и почнале да им служат на гостите, иако заклучувањето во Чешка е сè уште на сила. Станува збор за иницијатива за протестно угостителство со назив „Цркна ПЕС“, именувана по кратенката за чешкиот епидемиолошки систем ПЕС, што на чешки значи куче.

Група угостители од Чешка собрани околу иницијатива започната на интернет, решиле да преземат акција. Имено, тие основале политичка партија и ги поканиле сите ресторани, кафулиња, пабови и барови кои сакаат да работат да се регистрираат како локални партиски комитети во кои членовите на партијата одржуваат политички состаноци. Колку за појаснување, работата на политичките партии е дозволена во Чешка.

„Секој ресторан што ќе аплицира ќе биде регистриран како партиски комитет. Таму ќе се одржуваат состаноци, а гостите ќе бидат членови на нашата политичка партија. Состаноците на локалните собранија, политичките партии и парламентот се изземени од законот за вонредни состојби“, изјавил пред новинарите водачот на движењето на отпорот на чешките угостители Јиржи Јанечек.

Од некои други европски земји најавија дека ќе ја разгледаат чешката иницијатива и евентуално ќе и се придружат на истата.

Share
Scroll to Top