Четвртиот бран е веќе тука, од одмор одете директно во изолација, порачуваат експертите во Словенија

пред 3 години

Шефот на словенечкиот Институт за јавно здравје, Милан Крек, вчера на прес-конференција предупреди дека новите варијанти на вирусот се раширени низ целиот свет и дека делтата варијантата предизвикува најголема загриженост.

„Луѓето треба да бидат многу внимателни кога планираат патувања. Нека го следат текот на епидемијата, кој многу брзо се менува“, рече тој.

Според него, четвртиот бран е веќе започнат, пренесе порталот 24ur.

„На сите што сè уште планираат да патуваат на одмор во странство, им препорачувам да се вратат најдоцна до 15 август и по враќањето да заминат во самоизолација и да не контактираат со своите роднини“, рече Крек.

Share
Scroll to Top