Чеченскиoт тинејџер платил за да го открие идентитетот на професорот што го обезглави

пред 3 години

Чеченскиот тинејџер Абдулах Анзоров (18) наводно им платил на учениците за да го идентификуваат професорот Самуел Пети пред да го обезглави на улица минатата недела, пренесува „Ле Монд“.

Анзоров им платил неколку стотици евра во готово на учениците во училиштето каде што 47-годишниот Пети на својот час им покажал карикатури со исламскиот пророк Мухамед како дел од дискусијата за слободата на изразување.

Според извештајот „Ле Монд“, Анзоров пристигнал на колеџот „Боа-д’Аулн“ во петокот вооружен со електричен пиштол и два ножа и со готовина им приоѓал на разни ученици за да дознае како изгледа Пети. Еден 15-годишен ученик беше уапсен во неделата од полицијата во врска со нападот.

Пред убиството, еден 13-годишен ученик му кажал на својот татко Брахим Ц. за прикажување на карикатурите со Мохамед, а тој, пак, повикал на „мобилизација“ против Пети на социјалните мрежи. Тој, исто така, е приведен. За него се вели дека имал врски со познат радикален исламист по име Абделхаким Сефриуи, кој исто така е уапсен.

За Анзоров се вели дека неодамна се радикализирал. Роден во Москва, израснал во Франција откако дошол во земјата на шест години, стекнувајќи се со статус на бегалец во 2011 година.

Неговиот профил на Твитер, на кој се гледа како објавува слика на трупот на Пети и ја презема одговорноста за неговото убиство, бил креиран во јуни и бил полн со извадоци од Куранот и бил пријавен за антисемитски коментари во јули.

Меѓународната лига против расизмот и антисемитизмот (Ликра) изјави дека тинејџерот на својот профил ги окарактеризирал Евреите како „проколнат народ“.

Во текот на викендот, Французите демонстрираа во знак на поддршка на слободата на говорот и да му оддадат почит на Пети.

 

Share
Scroll to Top