Чиле вакцинираше 556.000 луѓе во првите три дена од вакцинацијата против коронавирус, објави Министерството за здравство на таа земја.
Владата и општините определиле стадиони, плоштади, спортски центри и здравствени центри низ Чиле како места за вакцинација, во обид да ја достигнат целта од пет милиони вакцинирани до крајот на март и 15 милиони до јули, од вкупното население од 18 милиони.
Медицинските работници во Чиле беа вакцинирани во декември лани, кога пристигнаа првите 154.000 дози од вакцината на „Фајзер“.