Членови на семејство на почината девојка се обидоа да убијат лекари во Италија

Членови на семејство на почината девојка се обидоа да убијат лекари во Италија

пред 1 месец

Во одделот за торакална хирургија на поликлиниката Риунити во Фоџа, Италија лекари и медицински сестри беа нападнати од педесетина гневни членови на семејството и пријатели на почината 23-годишна девојка.

Според италијанските медиуми, дури 50 луѓе се собрале пред болницата и го нападнале медицинскиот персонал, што довело до хаос.

Лекарите и медицинските сестри беа принудени да се затворат во одделението за да се заштитат од насилните напаѓачи. Ситуацијата траела се додека не дошла и интервенирала полицијата.

Насилните напади резултираа со повреди на тројца лекари, од кои едниот заврши со скршеница на раката поради обидот да се заштити од напаѓачите.

 

Текстот Членови на семејство на почината девојка се обидоа да убијат лекари во Италија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top