Шаленберг е нов австриски канцелар

пред 2 години

Александер Шаленберг положи заклетва пред претседателот Александер Ван дер Белен, со што стана нов канцелар на Австрија.

Шаленберг го смени Себастијан Курц на функцијата канцелар, кој поднесе оставка под притисок поради истрагата на Обвинителството за економски криминал и корупција и го предложи актуелниот шеф на дипломатијата за нов канцелар.

Новиот канцелар влезе во владата како непартиски член, иако е близок до довчерашниот канцелар Курц.

На местото на Шаленберг ќе дојде Мајкл Линхарт, кој, како и неговиот претходник, е дипломат од кариера.

Share
Scroll to Top